Ремонт во Наполи сред сезона, Гатузо го менува Анчелоти, Ибра го засилува нападот, на продажба неколку играчи

by
1 минути читање

„Наполитанците“
се во сериозна резултатска криза, речиси два месеци немаат победа во Серија А,
атмосферата во соблекувалната е лоша по одлуката за карантин и бунтот кој беше
спроведен па често се пишува дека сопственикот Аурелио Де Лаурентис ќе реагира.

Последните информации
велат дека ќе се случи голем ремонт сред сезона. Карло Анчелоти во следните
денови ќе биде разрешен, и како нов тренер ќе биде именуван Џенаро Гатузо. Се шпекулира
дека легендата на Милан веќе си подал рака со Наполи за 18 месечен договор.

18 месечен
договор му е понуден и на Златан Ибрахимовиќ, кој сака да се врати во Калчото и
на маса има предлог и од Милан.

Се очекува Алан
да биде продаден, и на негово место да се донесе Франк Кеси од Милан или Лукас
Тореира од Арсенал.

Дрис Мертенс и Хосе Каљехон, кои ги одработуваат последните
месеци од договорите, исто така ќе добијат шут – карта. Шпанецот се поврзува со
преселба во Кина и соработка со својот поранешен ментор Рафа Бенитез, додека пак
Белгиецот е мета на Интер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×