Реми за македонските надежи против Србија, Денковски одбрани пенал, Елези пропушти да донесе победа!

by
1 минути читање

Немаше голови, но имаше возбудувања на мечот меѓу младите селекции на Македонија и Србија.

Србите ја имаа најголемата шанса во првиот дел кога во 35. минута промашија пенал. Денковски го одбрани ударот на Тедиќ, одбиената топка дојде до Милосављевиќ, но македонскиот голман го одбрани и тој удар.

Македонија имаше неколку добри шанси, погоди и статива, а во 94. минута Елези промаши зицер откако од непосредна близна биеше млако во гостинскиот голман.

И за Македонија и за Србија ова беше прв бод во квалифкациите, откако ние во првото коло загубивме од Франција со 3-0, а тие од Украина со 1-0.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×