Реми со шест гола во Штип, Брегалница во судиското продолжение се спаси од пораз против Шкендија

by
1 минути читање

Брегалница и Шкендија одиграа одличен меч, домаќините двапати водеа, а на крајот се спасуваа од пораз.

Брегалница поведе со погодок на новото засилување Алтипармаковски во 12. минута, Шкендија израмни со автогол на Азиновиќ во 59. минута. Три минути подоцна штипјани со гол на Стојанов го вратија водството, а Ибраими во 81. минута израмни на 2-2.

Шкендија во 89. минута со гол од пенал на Дориев направи пресврт и поведе со 3-2, се чинеше дека дојде до првата победа, но во 92. минута Дујовскки со убав гол израмни на 3-3, што беше и конечен резултат.

Македонија Ѓорче Петров со убедливи 5-1 славеше во скопскиот дуел против Скопје. Шкупи со 2-0 победи на гостувањето ај Пелистер.

Академија Пандев со 2-0 го победи Тиквеш во Кавадарци, со истиот резултат Ренова славеше против Борец. Немаше голови на дуелот меѓу Работнички и Струга ТЛ.

Табела по 3. коло:

1. Академија Пандев 7

2. Шкупи 7

3. Ренова 7

4. Македонија ЃП 6

5. Струга 5

6. Работнички 4

7. Брегалница 3

8. Борец 3

9. Шкендија 2

10. Скопје 2

11. Тиквеш 1

12. Пелистер 0

Можно е и ова да ти се допаѓа

×