429
Репрезентацијата на Македонија до 19 години одигра нерешено без погодоци против соодветната селекција на Албанија во рамките на првиот контролен дуел одигран помеѓу овие две селекции во Корча.
Двете репрезентации одигра доста тврд натпревар, со многу борбеност и трчање. Одбраните и на двете репрезентации беа на висина на задачата, не оставајќи преголем простор за игра. Македонија одигра подобро второ полувреме во однос на првото во кое имаше повеќе од играта, но на крајот мрежите мируваа.
Втората контролна средба овие две репрезентации ќе ја одиграат на 23. март со почеток во 12. часот, исто во Корча.