Брегалница не успеа да го пробие бедемот на Детонит Плачковица и мораше да се задоволи со бод по ремито 0-0 на „Градскиот стадион“ во Штип, во рамките на десеттото коло од Втората лига.
Натпреварот донесе израмнета игра и голема борба на средината од теренот. Двата тима имаа по неколку шанси за погодок, но недостасуваше завршница, па мрежите останаа незатресени до самиот крај.
Со овој резултат Брегалница го препушти врвот на табелата, откако Шкендија Арачиново славеше на гостувањето кај Победа и се искачи на првото место.
Арачиновци сега имаат 26 бодови, Брегалница падна на второто со 24, додека веднаш зад нив се Охрид со 21 и Скопје со 20 поени. Беласица е петта со 19, а Детонит со освоениот бод се искачи на 18.