81
Вардар се враќа со пораз од 3-1 на гостувањето кај
Розенборг во Норвешка, во второто коло од групата „Л“ во дебитантскиот настап
во Лига Европа.
Македонскиот првак имаше шанси на мечот но не ги
искористи, дополнително, вреди да се напомене и дека одлично парираше во однос
на статистиката, но се чини дека мошне доцна го најде патот до мрежата од голот
на домаќините.
А, патот го пронајде Бразилецот Фелипе во 90. минута,
вардаровиот офанзивец постигна убав гол, за паметење, кој ќе влезе во аналите
на историјата на македонскиот фудбал, како прв гол на наш претставник во групна
фаза од некое елитно европско клупско натпреварување.
Фото-вест: fkvardar.mk