31
Славен Белупо со 2-0 ја победи Локомотива, а македонскиот фудбалер Леонард Жута во 90. минута со маестрален гол го завери трумфот, погодок постигна и Марио Крстовски кој стрелаже прецизно за Истанбулспор во победа од 3-2 на гостински терен кај Чорум.
Течеше 90. минута кога Леонард Жута постигна фантастичен гол од слободен удар со што ја завери победата од 2-0 на Славен Белупо над Локомотива.
Илија Несторовски и Александар Трајковски не беа дел од овој натпревар.
Во турската втора лига Крстовски му донесе водство на Истанбулспор од 1-0 на гостински терен кај Чорум. Тимот на Македонецот на крајот победи со 3-2.