Рексам пришува холивудска приказна, го мина Нотингем форест во ФА Купот!

by riste
1 минути читање

Клубот кој е во сопственост на глумците Рајан Рејнолдс и Роб Мекелхени живее историски моменти од своето постоење, денеска на пенали го исфрлија премиерлигашот Нотингем форест и се пласираа во четвртото коло од ФА Купот.

Рејнолдс и Мекелхени го земаа клубот кога беше во Националната лига, а потоа експресно го донесоа до Чемпионшип, а и таму играат одлично оваа сезона и се блиску до местата кои водат во плејофот.

Денеска велшкиот клуб испиша нова историја, елиминираше премиерлигаш во ФА Купот пласирајќи се во четвртото коло.

Рексам водеше со 2-0 по првото полувреме со голови на Кекаче и Ратбон. Игор Жесус намали на 2-1 во 64. минута.

Хиам даде гол за 3-1 во 74. минута, но веднаш возврати Хадсон Одои и намали на 3-2, а истиот фудбалер во 89. минута погоди и за 3-3 и го однесе мечот во продолженија.

Во 30 минути продолжение немаше погодок, па пеналите го решаваа победникот.

Пенал серијата им припадна на домаќините, а херојот беше голманот Оконво кој одбрани два пенали на Нотингем, по што можеше да почне големата радост.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×