Рекордното засилување на Астон Вила си оди по само 12 месеци, договори богат трансфер во Саудиска Арабија

by bojan
1 минути читање
Диаби

Астон Вила и Ал Итихад си подале рака за трансфер на Муса Диаби вреден околу 60 милиони евра, клубот од Саудиска Арабија прави планови за лекарските прегледи на Французинот.

Муса Диаби минатото лето стана најскапото засилување во историјата на Астон Вила откако се пресели на Вила Парк во зделка вредна околу 55 милиони евра.

Неговата авантура на „островото“ сепак ќе трае само 12 месеци, Ал Итихад сериозно загриза за неговите услуги и неколку извори пренесуваат дека двата клуба си подале рака.

Се работи за трансфер од 60 милиони евра, и Ал Итихад веќе прави планови за лекарски прегледи.

Муса Диаби со Ал Итихад има договорено петгодишна соработка и плата од околу 15 милиони евра по сезона (одредени извори пишуваат дека сумата е 20+ милиони по сезона).

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани