Рекордниот трансфер на Погба во Јунајтед под лупа на ФИФА

by
2 минути читање

Репрезентативецот на „Триколорите“ минатото лето се врати на Олд Трафорд за
рекородна сума од 105 милиони евра.

Денеска беа објавени нови детали од зделката, односно договорот на Пол
Погба со Манчестер јунајтед и неговата плата како и неверојатната провизија од околу 49 милион евра која ја земал неговиот агент Мино Рајола.

Вечерва се појавија нови стории на оваа тема, ФИФА отворила истрага и решила
подобро да го погледне рекордниот трансфер
.

„ФИФА побарала информации од Манчестер јунајтед за трансферот на Пол Погба“ – открил за АФП извор близок до ФИФА.

Во моментов не се знае што точно истражува светската куќа на фудбалот и се
очекува повеќе информации во следните денови.

Се шпекулира дека под лупа е Мино Рајола и тоа што агентот ги застапувал
сите три страни.

Поради конфликт на интереси тој на крајот „лапнал“ провизија од 49 милиони
евра, на сметката на Јувентус легнале само 78 милиони евра и покрај тоа што
„Црвените Ѓаволи“ искеширале дури 127 милиони евра.

Некои извештаи велат дека агентот не го известил Манчестер јунајтед дека
работи и за Јувентус, а тоа е строго забрането според законите на Англија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани