ПСЖ му ги мати сметките на Атлетико Мадрид откако му понудил многу пари на Хулијан Алварез, агентите на напаѓачот сега се обидуваат да постигнат компромис со „колчонероси“.
Атлетико Мадрид силно притисна за ангажман на Хулијан Алварез и се говореше дека е постигнат договор со Манчестер Сити за зделка вредна 75 милиони евра, плус додатни 20 милиони евра во бонуси.
Но последните информации велат дека зделката може да пропадне откако прата понуда на Атлетико за Хулијан Алварез била далеку под очекувањата на Аргентинецот.
„Колчонероси“ направиле одредена корекција, но се уште пости разлика од 2-3 милиони евра помеѓу понудата и она што го бара Хулијан Алварез.
Се говори дека ПСЖ ги мати сметките откако „светците“ му понудиле на Аргентинецот плата од 10 милиони евра сезона, и го убедуваат да се пресели во Париз наместо во Мадрид.