Историскиот
настап на континенталниот собри ќе донесе и рекордна премија за фудбалерите и
стручниот штаб на македонската репрезентација. Управниот одбор на ФФМ реши да ги награди со вкупна премија од 4,2 милиони евра.
Еден милион евра
веќе се исплатени за првото место во Групата Д во Лигата на нации и третото
место во квалификациите за ЕВРО 2020, а до крајот на годината ќе бидат поделени
уште 3,2 милиони евра за пласманот на Европското првенство.
„Кога ќе
погледнеме што сѐ Фудбалската федерација на Македонија доживеа и оствари во
2020 година, навистина има на што да бидеме горди. Македонската репрезентација
ја обедини целата држава и ни ја донесе најголемата фудбалска радост од
осамостојувањето. Капитенот Пандев и сите репрезентативци апсолутно ја
заслужуваат паричната награда. Во сите тие моменти на патот до пласманот на
Европското првенство, кога фудбалерите играа и се бореа за нашата фудбалска
историја , никогаш не се размислуваше за пари. Но, сега е моментот, Управниот
одбор да го цени успехот и да се обидеме и на овој начин да дадеме признание и
да влијаеме позитивно на понатамошната атмосферата во репрезентацијата. Знам
дека времињата се тешки, но Фудбалската федерација ќе продолжи да работи и
горди сме на сѐ што заработивме и сѐ што плативме. На капитенот Пандев и
соиграчите им посакувам многу среќа во новиот квалификациски циклус и повторно
да ја одведат Македонија на големо натпреварување“ – изјави претседателот на
ФФМ, Муамед Сејдини.