Рехабилитацијата на Меси тече поспоро од предвиденото

by
1 минути читање

Во сабота
Барселона гостува кај Осасуна во третото коло од шпанската Примера, меѓутоа
првата ѕвезда на Каталонците, Лионел Меси и натаму нема да му биде на
располагање на Ернесто Валверде.

Аргентинецот се
врати на тренинзите во клубот, продолжи со индивидуална работа одвоено од
останатите соиграчи, тој работи со фитнес тренер, а очекувањето околу враќањето
на терените се очекува да се случи по интернационалната пауза.

Во Шпанија
пишуваат дека шефот на стручниот штаб на Каталонците нема да притиска за брзо
враќање на Меси, откако се увиде дека рехабилитацијата на капитенот на тимот
тече поспоро од претходно предвиденото.

Во меѓувреме,
постоеа информации дека се возобновила повредата кај Меси, меѓутоа од Барселона
категорично ги отфрлија тие шпекулации, потврдувајќи дека само се внимателни со
нивната ѕвезда, а воедно ќе имаат трпение по тој случај.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×