Редица клубови во трка за потпис со капитенот на Кристал Палас

by 24 фудбал
1 минути читање

Европските фудбалски гиганти веќе ја започнаа битката за потписот на капитенот на Кристал Палас, Марк Геи, кој во овој момент важи за еден од најпосакуваните дефанзивци на пазарот.

Интересот е дополнително засилен поради фактот што англискиот репрезентативец влезе во последните шест месеци од договорот со лондонскиот клуб, што значи дека наскоро ќе може да си замине без обештетување.

Во трката за неговиот потпис се вклучени Манчестер Сити, Ливерпул, Арсенал и Баерн Минхен, клубови кои внимателно ја следат ситуацијата и се подготвени за конкретни потези. Секој од нив нуди различен проект, па изборот нема да биде едноставен. Досега контакти со Геи имало од Минхен и Манчестер, но ништо уште не е готово.

Од јануари дефанзивецот има право слободно да преговара со сите заинтересирани страни, а информациите говорат дека во изминатите денови бил контактиран од повеќе клубови. Јасно е дека Гуеи го очекува тежок, но и примамлив избор за следниот чекор во кариерата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×