Ребиќ патува за Милано, но наместо да потпише со Интер, ќе го облече дресот на Милан

by
1 минути читање

Интер изминативе денови договори трансфер на Анте Ребиќ, Хрватот требаше да пристигне на позајмица со опција во целост да биде купен за 25-30 милиони евра.

Сепак зделката беше условена и зависеше од евентуален трансфер на Матео Политано во Фиорентина. Интер на крајот реши да го задржи Италијанецот и да се откаже од Анте Ребиќ, но и покрај тоа Хрватот ќе заврши во Милано.

Неколку извори велат дека „росонерите“ на Ајнтрахт му понудиле да го ангажираат играчот под истите услови кои биле договорени со Интер, па Анте Ребиќ не се најде во составот за пресметката со Фортуна Дизелдорф и веќе е на пат кон Италија.

Милан во Хрватот гледа алтернатива за Анхел Кореа. Долго време се водат преговори со Атлетико за Аргентинецот, но двата клуба не можат да најдат заеднички јазик за висината на обесштетувањето.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×