Реал „засилен“, три играчи летнаа со тимот за вториот меч против Сити во ЛШ

by 24 фудбал
1 минути читање

Реал Мадрид со голема предност ќе го дочека реваншот против Манчестер Сити во осминафиналето од Лигата на шампионите, а тренерот Алваро Арбелоа доби и дополнителни причини за оптимизам пред дуелот.

„Кралевите“ на свој терен ќе го бранат триумфот од 3-0 од првиот натпревар, а за реваншот во составот повторно се враќаат две од најголемите ѕвезди на тимот Килијан Мбапе и Џуд Белингем. Двајцата во претходниот период имаа проблеми со повреди и го пропуштија првиот натпревар против англискиот шампион, но сега се подготвени да му помогнат на својот тим.

Добра вест за Арбелоа е и враќањето на Алваро Карерас, кој исто така не беше на располагање на неколку последни натпревари.

Стратегот на мадридскиот гигант за овој натпревар пријави список од 25 фудбалери. Во него повторно има и неколку млади играчи од академијата и од вториот тим, кои добија шанса да бидат дел од првиот состав за важниот европски предизвик.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×