Реал за него плати 45 милиони евра, од Чави доби едвај 100 минути, па ќе оди на позајмица во Лион

by bojan
1 минути читање

Неколку извори вечерва објавија дека Реал Мадрид и Лион договориле позајмица на Ендрик, младиот напаѓач вториот дел од сезоната ќе го помине во Франција.

Ендрик важеше за еден од најталентираните млади фудбалери во Бразил, „кралевите“ решија да инвестираат 45 милиони евра за негов ангажман и да чекаат година дена за тој да се пресели во Мадрид, но напаѓачот не прикажа многу по пристигнувањето на „Бернабеу“.

Оваа сезона, тој од Чаби Алонсо доби едвај 100 минути фудбал, па затоа Реал реши да го испрати на позајмица.

Неколку извори вечерва објавија дека бил постигнат договор со Лион за Ендрик вториот дел од сезоната да го помине на „Парк Олимпик“.

Лион нема да добие опција за перманентен трансфер, и ќе треба да подмири половина од платата на Бразилецот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×