Реал во втор план, Роналдо се враќа дома за прв пат да ги види близначињата

by
2 минути читање

ЦР7 во последно
време е во центарот на вниманието поради големиот број на стории околу неговата
иднина и желбата да замине од Реал Мадрид и Шпанија.

Португалија вчера
доживеа пораз од Чиле во полуфиналето на Купот на Конфедерации, но и покрај тоа
Кристијано Роналдо не сакаше да говори на оваа тема.

Кристијано
Роналдо сепак се огласи по големиот број шпекулации дека ќе добие близначиња од
сурогат мајка, и потврди дека неговото семејство се проширило.

Тој предвреме ќе
замине од Русија со цел да им се посвети на новите членови на неговото
семејство.

„Како и секогаш,
му бев на располагање на националниот тим со срце и душа, и покрај тоа што ми
се родија две деца

напиша Роналдо на Фејсбук.

„За жал, не
успеавме да ја остваривме целта која ја имавме, но сигурен сум дека ќе
продолжиме да носиме радост на сите Португалци
.

„Никогаш нема да
го заборавам односот на Фудбласката федерација на Португалија и селекторот и што
ми дозволија да заминам дома
.

„Среќен сум што
конечно ќе бидам со моите деца
.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани