1,5K
Барселона вчера со 1-0 го победи Атлетико Мадрид и се пласираше во финалето од Купот на Шпанија, а таму ќе игра против својот најголем ривал, Реал.
Тоа ќе биде нова возбудлива Ел Класико пресметка меѓу Реал и Барса, овојпат вредна трофеј.
А Реал Мадрид за да го крене пехарот ќе треба да сруши една традиција.
Таа вели дека: Тренерот на Барса, Ханси Флик, никогаш не загубил финале како тренер.
Има играно шест финалиња и на сите победил.