80
Вардар забележа „потоп“ пред своја публика, па како да
поразот од Зенит со 0-5 не беше доволен, стигна нов дебакл на „Филип Втори“,
овој пат во третото коло од групата „Л“ во Лига Европа, и тоа од Реал Сосиедад
со 0-6, а дури четири погодоци за гостинскиот табор отидоа зад името на
Бразилецот Вилијан Жозе кој блескаше на мечот во Скопје.
Во четвртото коло избраниците на Чеде Јаневски гостуваат
токму против Реал Сосиедад, на 2 ноември, па ако загубија дома со 0-6, што ли
треба да се очекува од следниот предизвик за нашиот шампион на тоа гостување…