Реал со стара финта и ги ремети плановите на Барса, испратена луда понуда за новиот бисер на Ајакс

by
1 минути читање

Младиот Холанѓанец
изминатово лето беше една од желбите на Барселона, „Каталонците“ доставија две
понуди, последната вредна 30 милиони евра, но клубот од Амстердам категорично
кажа НЕ. Ајакс не сака да
остане без својот голем талент, за кого одби и  50 милиони евра од Тотенхем.

За фудбалерот од
средниот ред интерес пројавуваат и ПСЖ, Манчестер Сити, Баерн Минхен и
Манчестер јунајтед, а на Барса сигурно нема да и се допаднат последните вести
кои пристигнуваат од Холандија.

„Телеграф“ објави
дека во трката сега се приклучува и Реал Мадрид, според најпознатиот весник од
Холандија, „Кралевите“ се подготвени да платат 80 милиони евра за Френки Де
Јонг, кого го гледаат како наследник на Лука Модриќ.

Оваа формула Реал
Мадрид веќе ја искористи во минатото за од Барселона да украде двајца
перспективни играчи. „Каталонците“ работеа на ангажман на Винисиус Жуниор од Фламенго, но
планот им пропадна откако Реал Мадрид стапи на сцена и се сложи да плати 45
милиони евра за тогаш 16 годишно момче.

„Кралевите“ со
истиот рецепт стигнаа до уште еден раскошен талент од Бразил. Барса понуди 20
милиони евра за Родриго од Сантош, а Флорентино Перез го одврза ќесто, искешира
45 милиони и го ангажираше новиот вундеркид пред лутиот ривал.

Останува да се
види дали Реал Мадрид и сега ќе успее да ги поремети плановите на Барселона.
Дури и да не успее да потпише со новиот бисер на Ајакс бидејќи самиот играч соопшти дека сака да игра покрај Лео
Меси, сигурно ќе ги натере „Каталонците“ да платат неколку десетици милиони
повеќе од онаа што планираа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×