240
Фудбалерите на Реал Мадрид го одиграа првиот пријателски натпревар ова лето и триумфираа против Леганес со 4-1.
Оваа средба се одигра во тренинг центарот на „кралевите“ во Мадрид, а беше буквално „таен“ бидејќи немаше пренос и беше со ограничен пристап дури и за медиумите. Средбата зад затворени врати беше по барање на Реал, а овој тим одигра прв тест меч веројатно подоцна од сите клубови во најсилните лиги.
Причината е Светското клупско првенство поради кое Реал бараше одложување на средбата од првото коло на Ла Лига, ама не ја доби.
Револтираните „кралеви“ бесот го историја на Леганес кој иако поведе, потоа со головите на Милитао, Брахим, Хујсен и Питарч стигнаа до победата.