Суперталентираниот
Винисиус Жуниор од поодамна беше капарисан за 45 милиони евра, но пристигна на
Сантијаго Бернабеу ова лето откако наполни 18 години.
„Кралевите“
минатата недела го промовираа Бразилецот како ново засилување, тој работи со
првиот тим под водство на Хулен Лопетеги, но се уште не е јасно каква ќе биде
неговата инволвираност и покрај тоа што импресионираше со потезите на
тренинзите.
И додека се чека
одлука дали ќе остане да се бори за место на првиот тим или ќе биде испратен на
позајмица за да се прилагоди на фудбалот во Европа, Реал Мадрид на големо
изненадување денеска реши да го регистрира Винисиус Жуниор како младинец и член
на „Хувенил А“ тимот.
Извори од таборот
на „Кралевите“ за АС и Марка сепак велат дека нема ништо спорно во ова, бидејќи со
еден ваков потег тој нема да зафаќа место во Кастиља (резервите) или пак
првиот тим а ќе може да настапува за сите три.
