88
Лош месец за Реал
Мадрид, по серија од 40 натпревари без пораз, избраниците на Зинедин Зидан
загубија кај Севиља, а сега неочекувано доживеаја и елиминација од Купот на
Шпанија.
„Кралевите“ на
Балаидос требаше да надополнат негатива од 1-2 од првиот натпревар, но не
успеаа, па се збогуваа од Копа дел Реј и тројната титула.
Селта дојде во
водство со автоголот на Данило кон финишот на првиот дел, но Роналдо со
прекрасен гол од слободен удар ги врати гостите во игра.
Сепак, следуваше
нов студен туш на пет минути до крајот, Вас погоди за 2-1.
Реал не се откажа
и преку Вазкез во 90. минута стигна до 2-2 но гостите немаа ниту време ниту
сила за нешто повеќе.