Реал Мадрид потфрли на отварањето на новата сезона, избраниците на Карло Анчелоти одиграа само 1-1 на гостувањето кај Мајорка.
„Кралевите“ последен пат ја одбранија титулата во Ла Лига во 2008, па навивачите се надеваат дека со овој тим конечно ќе можат да врзат две титули во првенството на Шпанија.
Сепак, вечерва Реал Мадрид потфрли на отварањето на новата сезона и одигра само 1-1 на гостувањето кај Мајорка.
Избраниците на Карло Анчелоти добро го отворија натпреварот и поведоа преку Родриго, но домаќините не се предадоа лесно и на стартот од вториот дел изедначија, Муриќи со глава ја затресе мрежата по еден корнер за 1-1.
Во продолжението од мечот, двете екипи имаа свои шанси да стигнат до победа, но на крајот мораа да се задоволат со поделба на бодовите.