Реал се подготвува за продажба на Роналдо, клаузулата на ЦР7 драстично намалена!

by
1 минути читање

Кристијано
Роналдо како никогаш до сега е блиску до заминување од Сантијаго Бернабеу
доколку се точни последните информации кои пристигнуваат од Шпанија.

Како што
пренесува ОК Диарио, Реал Мадрид ја намалил откупната клаузула на својата
првата ѕвезда. Претходно ЦР7 беше заштитен со една милјарда, но клаузулата сега
изнесува 120 милиони евра.

Оваа клаузула
сепак може да ја активира само некој клуб, а не самиот Кристијано Роналдо (како
што беше случајот со трансферот на Нејмар, кога Бразилецот сам си го откупи
договорот од Барса). Исто така новата клаузула не важи за клубови од Шпанија,
или поточно Барселона, како и ПСЖ.

Извештајот исто
така вели дека три клуба од Премиерлигата (Манчестер Сити, Арсенал и Челси) како
и Милан од Серија А, пред финалето од Лигата на шампионите во Киев, стапиле во
контакт со Жорж Мендеш и го известиле дека се подготвени да платат околу 120
милиони евра за Кристијано Роналдо како и да обезбедат плата од 40 милиони евра
по сезона.

Останува да се
види каква ќе биде иднината на Португалецот, кој веднаш по последниот свиреж во
Киев сугерираше дека заминува од Сантијаго Бернабеу, и иако најави дека брзо ќе
расчисти с
è, оттогаш па наваму се нема огласено.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×