Реал се мачеше па среќно го победи Ваљадолид (ВИДЕО)

by
1 минути читање

„Кралевите“ сврзаа две победи по отказот на Хулен Лопетеги. По триумфот во Копа дел Реј, попладнево се радуваа на три бода против Ваљадолид во Примера. Избраниците на Солари денеска долго време се мачеа и поведоа со смешен автогол на Кико во 83. минута од мечот.

Винисиус шутираше, топката веројатно ќе завршеше во аут, но го погоди во грб дефанзивецот на гостите и заврши во мрежата. Дилемите околу победникот ги реши Рамос во 88. минута. Капитенот со „Паненка“ од белата точка ги осигура трите бода.

Фудбалерите на Ваљадолид има за што да жалат откако во два наврати ја погодија рамката од голот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×