Реал преку Мората ќе му врати мило за драго на Јунајтед за Де Геа

by
2 минути читање

Шпанецот е нова цел на „Црвните Ѓаволи“ за засилување на нападот откако
Антоан Гризман реши да остане во Атлетико Мадрид, а Челси ја добива битката за
Ромелу Лукаку.

Се шпекулира дека Алваро Мората веќе се договорил со Манчестер јунајтед и
го известил Реал Мадрид дека сака да замине.

Но и покрај ова, „Кралевите“ нема лесно да се откажат од голгетерот и веќе
ја одбија понудата на „Црвените Ѓаволи“ вредна 60 милиони евра.

Се говори дека Реал бара 90 милиони евра за услугите на Алваро Мората, и
медиумите од „Островото“ најавуваат тешки преговори помеѓу двата клуба.

„Кралевите“ наводно не забораваат како Манчестер јунајтед се однесувал кога
тие се обидувале да го ангажираат Давид Де Геа, па сега ќе му вратат мило за
драго на клубот од Олд Трафорд.

Во 2015, по долги преговори, Давид Де Геа конечно беше на пат за Мадрид, но најтрофејниот клуб од Англија не ја прати документацијата на време и зделката пропадна во последен миг.

Се најавува дека Манчестер јунајтед во скоро време ќе достави нова понуда,
но шампионот во Лига Европа не е подготвен да оди над границата од 75 милиони
евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани