373
Според последните информаации на странските медиуми, Реал Мадрид подготвува сензационална понуда од дури 150 милиони евра за услугите на Родри.
Наводно од Мадрид наскоро би можеле и официјално да ја испратат ваквата понуда. Родри кој ја освои „Златната топка“ во 2024 година би можел да стане и тоа како сериозно засилување во средниот ред на „кралевите“.
Личните услови не се откриваат, меѓутоа се наведува дека Реал ќе му понудил повеќе пари од оние што сега ги заработува во Манчестер.
Актуелниот договор на Шпанецот со „граѓаните“ истекува во 2027 година. Инаку, Родри на последниот натпревар за Сити во Премиер лигата се здоби со повреда и засега нема информации колку ќе отсуствува.