Реал по шест години ја победи Барса на Бернабеу и се искачи на првото место на табелата (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Во последниот
натпревар од 26. коло во Ла Лига, Реал ја доби „Ел класико“ пресметката против
Барселона. За „кралевите“ ова беше прв триумф пред своите фанови против лутиот
ривал по шест години.

Гостите беа
подобар противник во првото полувреме, Артур и Меси имаа одлични шанси, но
Куртоа одбрани.

Вториот дел му
припадна на Реал, Иско го стави на мака Тер Штеген со удар од работ на
шеснаесетникот, а потоа неговиот обид со глава беше расчистен од гол линијата.

Резултатот го
отвори младиот Винисиус кој со помош на Пике го матираше Тер Штеген за огромна
радост. Конечните 2-0 беа дело на Маријано Диаз, кој само што влезе во
судиското надополнување, успеа да ја затресе мрежата на Барселона.

Со овој триумф,
Реал се искачи на врвот на табелата и сега има бод предност во однос на
Барселона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×