Медиумите со
месеци најавуваа дека „Кралевите“ ќе го погазат дадениот збор и ќе ангажираат
играч на лутиот градски ривал.
Попладнево
пристигна и официјална потврда, Реал Мадрид соопшти дека Тео Ернандез е прво
засилување за Зинедин Зидан.
Французинот ќе
стави потпис на шест годишен договор и ќе биде презентиран на 10. јули во
свечената ложа на Сантијаго Бернабеу.
Детали за
трансферот на 19 годишниот лев бек не се откриваат, се говори дека шамионот на
Шпанија и Европа ќе плати 30 милиони евра.
Во моментов Тео Ернандез ќе биде резерва на Марсело, кој е неприкосновен на левата бековска позиција, но сезоната е долга а Зинедин Зидан сака да ротира, па младиот играч ќе добие шанса да покаже што умее.