1,2K
Реал Мадрид одлучил како ќе се подготвува за следната сезона, а тоа ќе биде сосема поинаку од претходно, причината меѓудругото е и настапот на Светското клупско првенство.
Брзо по завршувањето на сезоната Реал Мадрид ќе настапи на Светското клупско првенство, а потоа фудбалерите ќе одат на одмор.
Клубот одлучил дека на шампионатот ќе одиграат доволен број на интернационални натпревари, па нема да има потреба од посебни подготовки за наредната сезона.
Планирано е во август да се одиграат само неколку домашни пријателски натпревари.
За разлика од претходно, нема да се оди на турнеи надвор од Европа.