Реал откри дали Мбапе ќе мора да биде опериран

by 24 фудбал
1 минути читање

Нови грижи во таборот на Реал Мадрид. Клубот официјално потврди дека Килиан Мбапе во моментов е под терапија од француски лекари поради истегнување на коленото, но засега нема да мора да оди на хируршка интервенција.

Иако повредата не бара операција, ситуацијата не е наивна ако се земе предвид дека напаѓачот веќе пропушти четири натпревари оваа сезона поради проблеми со истото колено кои траат уште од декември.

Во Мадрид внимателно ја следат состојбата на својата најголема ѕвезда, а медицинскиот тим се обидува со конзервативен третман целосно да го стабилизира коленото и да спречи нови паузи во клучниот дел од сезоната.

Останува да се види колку време ќе му биде потребно на Мбапе за целосно да се врати во натпреварувачки ритам и дали овие проблеми ќе остават трага врз неговата форма во продолжението од сезоната.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×