Реал одбра капитално засилување, гледа кон ѕвездата на Ливерпул!

by 24 фудбал
1 минути читање

Реал Мадрид веќе ја крои стратегијата за идните трансфер периоди, а едно од имињата што се појавува високо на листата желби е унгарскиот репрезентативец Доминик Собослаи.

Иако на „Сантијаго Бернабеу“ не се очекува поголема активност во јануари, клупските челници интензивно размислуваат за засилувања во летниот преоден рок. Посебен акцент се става на средниот ред, каде што Реал сака да внесе нов квалитет, а фудбалерот на Ливерпул се наметнува како една од главните опции.

Собослаи има одлична сезона во дресот на англискиот гигант и е еден од носителите на играта под водство на тренерот Арне Слот. Во досегашните 30 официјални натпревари постигна 7 погодоци и забележа 5 асистенции, што дополнително го зголеми интересот од страна на европските гиганти.

Според информациите на шпанските медиуми, Реал Мадрид е подготвен да испрати понуда која би достигнала и до 90 милиони евра, со јасна желба да го донесе Унгарецот во своите редови за сезоната 2026/2027. Сепак, реализацијата на ваков трансфер нема да биде едноставна. Ливерпул се наоѓа во стабилна финансиска состојба и нема притисок да продава, а Собослаи важи за еден од клучните фудбалери во тимот од „Енфилд“. Поради тоа, во овој момент неговото заминување се оценува како тешко остварливо, без разлика на висината на евентуалната понуда.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×