Реал никако да победи без контроверзија, нов судиски превид на Бернабеу (ФОТО и ВИДЕО)

by
1 минути читање

На крилјата на
ЦР7, Реал Мадрид е на пат за Кардиф, вечерва во првиот натпревар од
полуфиналето, Кристијано Роналдо постигна хет-трик за победа од 3-0 над
Атлетико Мадрид.

Но фудбалските
фанови одново беа сведоци на спорна ситуација и голем судиски превид во корист
на „Кралевите“.

При првиот гол, Португалецот беше во недозволена позиција во зачетокот на акцијата.

Кога Рамос
нафрли, ЦР7 беше длабоко во офсајд. Савиќ расчисти само до Касемиро, кој ја
врати топката во срцето на петерецот а Роналдо го отвори резултатот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани