Новинарот Жозеп Педрерол вели дека Реал Мадрид го известил Винисиус Жуниор дека нема да ја промени последната понуда за продолжување на договорот, па Бразилецот или ќе треба да ги прифати овие услови или може да замине, па дури и беспари.
Агентот на Винисиус Жуниор оваа недела неочекувано пристигна во Мадрид на средба со раководството на Реал.
Како што пренесе новинарот Жозеп Педрерол во емисијата „ЕЛ Чирингито“, Реал Мадрид го известил агентот дека понудата е таа што веќе е на маса и дека нема да биде зголемена ниту за едно евро.
Доколку Бразилецот сака да заработува повеќе од Килијан Мбапе, тоа ќе мора да го прави во друг клуб.
„Кралевите“ дури се подготвени да го остават Винисиус Жуниор да замине беспари летото во 2027, со оглед на тоа што потрошија само 45 милиони евра за негов ангажман.