Реал не знае што го снајде, ПСЖ за 25 минути му даде нокаут! (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

ПСЖ имаше перфектен старт на полуфиналниот натпревар од Светското клупско првенство против Реал Мадрид. Причината беа двата рани погодоци, бидејќи „светците“ дадоа два гола во четири минути, а потоа во 25. минута стекнаа и три гола предност.

Резултатот го отвори Фабиан Руиз во шестата минута по една акција во која доби топка пред празната мрежа (1-0). Веќе во деветтата минута парижани стекнаа двојна предност, а стрелец беше Осман Дембеле. Французинот ја казни грешката на Антонио Рудигер и стрела за 2-0. Потоа откако Реал се отвори, одново Руиз беше стрелец за 3-0 во брза транзиција.

Фото: Paris Saint-Germain

Можно е и ова да ти се допаѓа

×