Реал на врвот: Барселона освојувше трофеи, но „кралевите“ заработија најмногу пари од дресови

by Стефан
1 минути читање

Иако 2025 година резултатски ќе остане запаметена како една од послабите за Реал Мадрид во последните децении, на финансиски план „кралскиот клуб“ може да биде повеќе од задоволен.

„Кралевите“ останаа без најпрестижните трофеи, откако Барселона ги освои сите три домашни титули, додека настапот на Реал во Лигата на шампионите заврши во четвртфиналната фаза. Сепак, неуспесите на теренот не оставија трага врз економската моќ на клубот.

Шпанскиот весник „АС“ објави анализа на клубовите со најголема продажба на дресови и највисоки приходи од спонзори во текот на 2025 година, а Реал Мадрид се најде на врвот во двете категории.

Според бројките, Реал продал над 3,1 милион дресови, со што ја остави Барселона зад себе, како и европските гиганти ПСЖ и Баерн Минхен. Високо на листата се најде и американскиот Интер Мајами.

Реал Мадрид – 3.133.000

Барселона – 2.940.000

ПСЖ – 2.546.000

Баерн Минхен – 2.377.000

Интер Мајами – 2.166.000

Кога станува збор за приходите од спонзорства, „кралевите“ повторно се на врвот со заработка од дури 260 милиони евра. Зад нив се Манчестер сити и Барселона со повеќе од 200 милиони евра, додека Манчестер јунајтед и ПСЖ се движат околу таа бројка.

Реал Мадрид – 260 милиони евра

Манчестер сити и Барселона – повеќе од 200 милиони евра

Манчестер јунајтед и ПСЖ – околу 200 милиони евра

Можно е и ова да ти се допаѓа

×