191
Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти побарал нов помошник а изборот паднал на 38 годишниот Енди Менган, кој е дел од тренерскиот персонал на Стокпорт.
Актуелниот шампион на Шпанија и Европа, Реал Мадрид одлучил од англиската трета лига да го засили тренерскиот песонал на Карло Анчелоти.
Изборот паднал на 38 годишниот Енди Менган, кој работи како помошник во Стокпорт.
Се верува дека Енди Менган ќе пристигне на „Бернабеу“ по препорака на Давиде Анчелоти (синот на Карло Анчелоти), двајцата заедно ги поминале курсевите за тренер.
Како фудбалер, Енди Менган има сомнително минато и беше суспендиран на пет месеци поради тоа што се обложил на натпревар на кој настапил.