Реал му дава попуст на Милан за Хамес Родригез, но…

by
1 минути читање

Колумбиецот има
ограничена минутажа на Сантијаго Бернабеу, дури не беше ниту во составот за
финалето од Лигата на шампионите, па се очекува летоска да замине од Реал
Мадрид

Неколку клубови
ја следат ситуацијата на Хамес Родригез, а последните извешати велат дека Милан
е на чекор до договор со „Кралевите“.

Двата клуба имаат
добар однос, па според Дон Балон, Флорентино Перез се сложил да „даде попуст“,

Претседателот на Реал Мадрид е подготвен да даде зелено светло доколку на маса добие понуда вредна 60
милиони евра.

„Кралевите“ претходно бараа најмалку 70 милиони евра за репрезентативецот на Колумбија.

Сепак, Хамес
Родригез посакува преселба во Манчестер јунајтед и чека Реал Мадрид да се
договори со „Црвените Ѓаволи“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани