163
Реал Мадрид го назначи Алваро Арбелоа за тренер до крајот на сезоната, а потоа ќе види дали тој ќе остане или ќе биде побаран друг стратег.
Резултатите на Реал Мадрид под водство на Арбелоа се променливи, но младиот стратег има уште шанси да си ја зачува работата и да остане тренер на кралскиот клуб и по оваа сезона.
Шпанските медиуми пишуваат дека Реал Мадрид му поставил два услови на Арбелоа за да остане тренер.
Првиот услов е да ја мине Бенфика во Лигата на шампионите, а вториот е да ја освои Ла Лига.