Со пресврт во финишот Реал Мадрид ја победи Валенсија со 2-1, Столе Димитриевски се покажа во одлично светло, но за жал неговиот тим го загуби натпреварот иако беше блиску до триумф.
Валенсија подобро го почна натпреварот и со гол на Дуро во 27. минута дојде до водство од 1-0 кое долго време го држеше.
По десет минути игра во второто полувреме Мбапе беше фаулиран, Реал Мадрид доби пенал. Белингем ја погоди стативата, Димитриевски не прими гол.
Брзо потоа Мбапе даде гол, но погодокот му беше поништен поради офсајд.
Во 79. минута Столе Димитриевски упати мала провокација до Винисиус кој наседна на неа, го удри македонскиот голман и доби директен црвен картон. Реал Мадрид остана со фудбалер помалку.
Но, тоа наместо да ѝ помогне на Валенсија, му даде крила на Реал Мадрид. Во игра влезе Модриќ и го промени мечот.
Во 85. минута Белингем асистираше до Модриќ кој го совлада Димитриевски за израмнување на 1-1.
Течеше 96. минута кога фудбалерите на Валенсија направија огромна грешка која ја казни Белингем, постигна гол за комплетен пресврт и победа на Реал Мадрид од 2-1.
🚨🚨 RED CARD VINICIUS JR! 🟥pic.twitter.com/Ntn1BlAKiO
— Tekkers Foot (@tekkersfoot) January 3, 2025
🚨🇪🇸 GOAL | Valencia 1-1 Real Madrid | Modric
— Tekkers Foot (@tekkersfoot) January 3, 2025
MODRIC HAS EQUALIZED IN THE 85TH MINUTE !!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!pic.twitter.com/gszHJ4MR6T
🚨🇪🇸 GOAL | Valencia 1-2 Real Madrid | Bellingham
— Tekkers Foot (@tekkersfoot) January 3, 2025
BELLINGHAM HAS GIVEN REAL MADRID THE LEAD IN THE 95TH MINUTE !!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!pic.twitter.com/yFeC4Nc6pt