Повредите го десеткуваа Реал Мадрид пред натпреварот против Мајорка, Карло Анчелоти на располагање има само 10 првотимци а правилата налаат во секој момент на теренот да има најмалку 7 првотимци.
„Кралевите“ ризикуваат на зелена маса да го изгубат натпреварот против Мајрока поради долгата листа на повредени фудбалери.
Андриј Лунин утрово отпадна од комбинација, попладнево пристигна информација и Браихм Диаз е во аут, а на листата од претходно се Карвахал, Лукас Вазкез, Милитао, Ридигер, Алаба, Менди, Камавинга, Винисиус и Родриго, плус Чуамени е суспендиран.
Тоа значи дека Карло Анчелоти на располагањ има само 10 првотимци – Куртоа, Фран Гарсија, Ваљехо, Модриќ, Валварде, Себаљос, Ѓулер, Белингем, Мбапе и Ендрик.
Според правилата на Фудбалската федерација на Шпанија, на теренот во секој момент мора да има најмалку 7 првотимци.
Па нови несакани повреди можат да придонесат Реал Мадрид да ги прекрши правилата, а со тоа и да го загуби натпреварот на зелена маса со службени 0-3.