Реал мерка неколку „Галактикос“ засилувања, но зелено светло треба да даде и Роналдо

by
2 минути читање

Новинарот Гиљем
Балаге ги коментираше случувањата на Сантијаго Бернабеу и сториите дека
Кристијано Роналдо не е среќен во Мадрид и бара заминување.

Тој го потврди ова, но порача дека „Кралевите“ немаат намера да се разделат со
Португалецот.

Исто така,
Флорентино Перез разгледува неколку „Галактикос“ засилувања, но за ова зелено
светло треба да даде и самиот Кристијано Роналдо.

„Да, Роналдо му
кажал на Флорентино Перез дека сака да замине
– вели Балаге, кој е добро упатен извор кога се работи за
шпанскиот фудбал.

„Одново е
вознемирен, но претседателот на Реал Мадрид му порачал дека нема шанси да го
продаде и го потсетил дека откупната клаузула му е 1.000 милиони евра. Па на
Кристијано Роналдо нема да му биде дозволено да замине. Исто така, во
последните 12 месеци нема пристигнато ниту една понуда за него
.

„Реал се уште
нема одличено што ќе прави со своите „Галактикос“, но ја опипува можноста да го
ангажира Гризман и Еден Азар. Често се збори и за Хари Кејн, но мислам дека се
додека Роналдо е дел од Реал, не го гледаат како партер на ЦР7, а исто така и
Кејн кажа дека не сака да замине од Тотенхем
.

„Мислам дека ќе
пристигне нов голгетер, но за него зелено светло ќе треба да даде Роналдо, и ќе
го храни со топки. Роберт Левандовски сака да се пресели во Реал, но се уште е
рано за вакви зделки
.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани