Реал Мадрид жали што го ангажирал Мбапе, сметаат дека направиле голема грешка

by bojan
1 минути читање
Мбапе

Новинарот Ромен Молина вели дека во Реал Мадрид веќе жалат што го ангажирале Килијан Мбапе, тренерот Карло Анчелоти бил против оваа зделка, но Флорентино Перез сакал да си направи ќеиф.

„Кралевите“ со години се обидуваа да го ангажираат Килијан Мбапе и конечно успеаја во намерата, изминатово лето Французинот пристигна на Сантијаго Бернабеу и тоа беспари, откако му заврши договорот со ПСЖ.

Напаѓачот има падови и подеми во првите месеци во Мадрид, а новинарот Ромен Молина сега излезе со шокантни информаци.

Тој вели дека во Реал веќе жалат што го ангажирале Килијан Мбапе и сметаат дека направиле голема грешка.

„Жалат што го ангажираа, можам да ви гарантирам, ова ми го потврдија во неформален разговор. Далеку е од тоа што го очекуваа. Трансферот беше по ќеиф на Флорентино Перез, само тој инсистирал на зделката“ – вели новинарот.

„Флорентино Перез секогаш ги сакал големите фудбалери. Но во клубот се разочарани, превенствено од игрите кои ги прикажува, кои не се на задоволувачко ниво, а како второ, атмосферата во соблекувалната не е добра“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани