Медиумите од Шпанија најавуваат дека Хамес Родригез предвреме ќе ја прекине соработката со Рајо Ваљекано, Колумбиецот по шести пат ќе го раскине договорот во последните пет години.
Хамес Родригез одигра на високо ниво на мундијалот во 2014, се промовираше во новата фудбалска ѕвезда, па Реал Мадрид плати 80 милиони евра за неговите услуги.
Сепак, Колумбиецот не се снајде на „Бернабеу“, не ја оживеа кариерата ниту во Баерн Минхен, па ги напушти „кралевите“ летото во 2020.
Освен спорадични блесоци, Хамес Родригез не успеа да се наметне и во другите клубови каде што ја продолжи кариерата, и редовно добиваше раскин на договорот.
Последните информации велат дека наскоро ќе заврши и неговата авантура во Рајо Ваљекано, односно ќе му биде дозволено предвреме да ја прекине соработката.
Доколку се реализираат овие најави, Хамес Родригез по шести пат ќе го раскине договорот во последните пет години.
Тоа претходно му се случи и во Реал Мадрид, Евертон, Ал Рајан, Олимпијакос и Сао Пауло.