Реал Мадрид со
години се поврзува со ангажман на Давид Де Геа, кој во 2015 беше на чекор до
Сантијаго Бернабеу, но неговиот трансфер пропадна во 5 до 12 откако Манчестер
јунајтед не ја испрати навреме потребната документација.
Сепак, последните
извештаи на медиумите од Шпанија велат дека „Кралевите“ се насочуваат кон други
цели.
Денешното издание
на Марка вели дека Флорентино Перез донел извршна одлука за ангажман на Кепа
Аризабалага од Атлетик Билбао.
23 годишниот
Шпанец важи за еден од најперспективните голмани во Примера, и со своите добри
игри го привлече вниманието на неколку клубови.
Тој е под договор
до 30. јуни, и веќе одби неколку понуди за продолжување на верноста па е на излезна врата од Сан Мамеш.
Марка пишува дека
Реал Мадрид ќе ја активираат неговата откупна клаузула вредна 20 милиони евра и Кепа Аризабалага ќе стане првото засилување за Зинедин Зидан во зимскиот
преоден рок.