180
Реал Мадрид во второто полувреме го скрши отпорот на Виљареал и славеше со 3-1 во натпреварот од осмото коло на шпанската Ла Лига.
На „Сантијаго Бернабеу“ првото полувреме помина без голови, иако „кралевите“ имаа неколку добри прилики.
Веднаш по паузата Винициус Жуниор донесе водство за Реал со ефектна акција во 47. минута, а потоа истиот играч реализираше и пенал за 2-0. Виљареал преку Микаутадзе успеа да намали во 73. минута, но надежта траеше кратко. Мбапе во 81. минута ги постави конечните 3-1.
Реал со оваа победа се искачи на врвот со 21 бод, додека Виљареал остана на 16 и моментно е трет на табелата.