Ако Варан го напушти Реал Мадрид, желба на Зинедин Зидан е тој да биде заменет со Кулибали од Наполи.
27-годишниот Кулибали важи за еден од најдобрите централни дефанзивци и неговата цена на пазарот е прилично висока, 70 милиони евра. Тој има активен договор со Наполи до 2023 година и плата од 7 милиони евра по сезона.
Но, Наполи можеби ќе бара и повеќе од 70 милиони евра за Кулибали, бидејќи играчот има откупна клаузула во неговиот договор од 150 милиони евра која трае до 2020 година.
Зидан и претходно имаше желба да го донесе Кулибали во Реал Мадрид, па без разлика на цената тој ќе инсистира на овој играч ако Варан си замине од клубот.
Биди модерен, обложувај се онлајн, играј на BetAdria.com, до 100 ЕУР БОНУС за прв депозит, регистрирај се ТУКА.