576
Фудбалерите на Реал Мадрид ја оправдаа фаворитската улога и славеа победа над Севиља од 4:2 во рамките од 18. коло.
По нешто повеќе од половина час игра Реал Мадрид веќе имаше предност од 3:0, стрелаа Мбапе, Валверде и Родриго. Севиља го намали водството на домашниот тим преку Ромеро.
Со предност од 3:1 избраниците на Анчелоти заминаа и на паузата. Се играше 53. минута кога Диаз зголеми на 4:1, додека Лукебакио со осмиот гол во сезоната ги постави конечните 4:2.
Лидер во Ла Лига по 18 кола е Реал Мадрид со 41 бод, потоа следеше Реал Мадрид со 40, Барселона е трета со 38.